Убиени 54 курдски бунтовници во Турција

Турските безбедносни сили убиле 54 курдски бунтовници за време на тридневните борби околу градовите Силопи и Чизре во југоисточниот дел на земјата. Турски медиуми јавија дека безбедносните сили биле во потрага по бунтовниците од Курдската работничка партија во градовите кои се во близина на границата со Сирија и Ирак. Во градовите е воведен и полициски час пред започнувањето на операцијата во која се вклучени 10 илјади припадници на безбедносните сили поддржани со тенкови.