САД ќе ги вооружуваат ирачките Курди

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер за време на престојот во Ирбил, главниот град на ирачкиот курдски регион се сретна со курдскиот претседател Масуд Барзани и со командантите кои се борат против милитантите на ИД, како и со американските специјалци кои се распоредени таму. Картер изјави дека Барзани го уверил оти курдските сили ќе учествуваат во борбите за преземање на градот Мосул од милитантите. Картер најави дека наскоро ќе пристигне американска воена помош и оружје за две курдски бригади.