Времето денеска: сончево со слаб северен ветер

Во Македонија ќе биде сончево со слаб северен ветер. Утрото ќе биде ведро и студено. Утринската температура ќе се движи од минус осум до нула, а дневната од седум до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе се искачи до девет степени.