Груевски ќе поднесе оставка согласно законскиот рок

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека ќе се повлече од функцијата кога ќе дојде времето во согласност со законскиот рок предвиден од Договорот од Пржино. Тој на прес конференцијата на која презентираше нов проект за млади избегна да одговори кој од редовите на партијата би можел да биде негов наследник. Груевски истакна и дека Законот за јавнообвинителска служба поминал вчера на владина седница и оти е пуштен во Собрание.