Попоски-Остануваат планини во спорот со името

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕиас во Атина изјави дека во однос на спорот со името меѓу двете земји, остануваат планини, јави Телма. Двајцата министри потврдиле дека разговарале за спорот со името, но никој не споменал идеи за компромисно решение. Коѕиас повикал на фер компромис кој треба да го победи екстремниот национализам во двете земји.