Убиени 23 курдски бунтовници во Турција

Турските безбедносни сили убиле 23 припадници на Курдската работничка партија во југоисточниот дел на земјата. Операцијата на турските сили била спроведена во градовите Силопи и Чизре, кои се наоѓаат во близина на границата со Сирија и Ирак. Во провинцијата од понеделникот е воведен полициски час, кога започнаа операциите против курдските бунтовници.