Времето денеска: сончево со мала облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Повеќе облачност ќе има во јужните делови од земјата. Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од четири до девет степени. Во Скопје, слично време, наутро со намалена видливост, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до пет степени.