Казахстан го одбележува Денот на независноста

Цвеќиња на споменикот на независноста во Алмати.

Во Казахстан денеска се одбележува Денот на независноста при што активисти одржуваат низа настани во знак на сеќавање на жртвите од протестите во земјата. Лидерите на опозицијата со десетици активисти положија цвеќе на споменикот на независноста во центарот на Алмати за жртвите од смртоносните протести на нафтените работници во декември 2011 година. Полицијата застрела 16 демонстранти, а повеќе од 100 беа повредени на протестите. Стотици луѓе се верува дека биле убиени од безбедносните сили на протестите во Казахстан.