Лукашенко и Путин разговарале за безбедносни прашања

Белорускиот претседател Александар Лукашенко со неговиот руски колега Владимир Путин.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска оствари средба со неговиот руски колега Владимир Путин во Москва. По разговорите двајцата лидери потпишаа договор за еднакви права на граѓаните да се движат и престојуваат во Рускобелоруската унија воспоставена во 1996 година.

Путин изјави дека разговорите биле фокусирани на безбедноста и стабилноста на надворешните граници на нивната организација и заедничките напори против тероризмот. Според него, во агендата била вклучена и ситуацијата во Украина и Сирија.