Турција сака да отвори повеќе поглавја со ЕУ

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави денеска дека има голем напредок во односите меѓу неговата земја и ЕУ по неодамнешниот самит меѓу Анкара и Брисел. Според него, по речиси четири години е отворено ново поглавје меѓу Турција и ЕУ. Тој по средбата со неговиот бугарски колега во Софија истакна и дека Турција има за цел да отвори што повеќе поглавја во преговорите за членство во ЕУ и сака да го комплетира процесот што побрзо.