Лукашенко на средба со Путин во Москва

Белорускиот претседател Александар Лукашенко со неговиот руски колега Владимир Путин.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ќе оствари средба со неговиот руски колега Владимир Путин во Москва. Тој пред средбата изјави дека двете земји многу добро знаат што им е потребно. Тој додаде дека решавањето на проблемите со кои се соочуваат денес ќе ги зближи народите на двете земји уште повеќе. Руски медиуми јавија дека во фокусот на односите меѓу Русија и Белорусија ќе бидат енергијата, транспортот и воените технологии.