ЕУ и Турција отворија ново поглавје во преговорите

ЕУ и Турцијаво Брисел направија нов чекор во преговорите за пристапување на Анкара, отворајќи ново поглавје во овие преговори, блокирани со години, соопшти луксембуршкото претседателство. Поглавјето 17, кое се однесува на економска и монетарна политика, беше отворено на меѓувладина конференција, свикана две недели по вонредниот европски самит, кој беше со цел да ја зајакне соработката меѓу ЕУ и Турција во врска со миграциската криза.