Приведени пратеници на „Самоопределување“

Косовската полиција синоќа по нивното излегување од Собранието на Косово ги привела пратениците на „Самоопределување“ Фисник Исмаили, Фатон Топали, Глаук Коњуфци, Аида Дргути и Беса Бафтипоради извршување кривично дело „предизвикување општа опасност“ и активирање солзавец. Со тоа вчера беа уапсени осуммина припадници на опозицијата кои вчера три пати со активирање солзавец ја прекинуваа работата на Собранието на Косово. Косовската полиција вчера растури стотина поддржувачи на опозицијата од пред зградата на Парламентот, откако овие фрлаа камења врз неа.