ЕУ ги почна преговорите за членството на Србија

Европската унија и Србија ги почнаа преговорите за можното членство на таа земја во Унијата со отворањето на две од 35 поглавија што и се неопходни за исполнување на условите за тоа. Едното поглавие е во врска со нормализацијата на односите со Приштина, додека другото е за финансиската контрола. „Ова отворање е решавачки чекор кон ЕУ“, изјави Жан Аселборн шеф на дипломатијата на Луксембург, земја која претседава со Унијата. Србија доби статус на земја кандидат за Европската унија во 2012 година. „Ова е важен и голем ден за нас, еден од оние кога ние ја пишуваме нашата историја“, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ, додавајќи: „Веќе не треба да сонуваме за Европската унија. Треба напорно да работиме“.