Декани на УКИМ против блокадата на Ректоратот

„Веднаш да и се дозволи на администрацијата да ги извршува своите редовни обврски, а сите прашања да се решаваат во институциите на системот“, се наведува во соопштението од декани на факултети и директори на научни институти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во врска со блокадата од страна на група студенти на влезот на Ректоратот на УКИМ. Во спротивно, како што се наведува во соопштението, одговорноста за оневозможувањето на остварувањата на функциите на факултетите и институтите што ќе доведе до сериозни последици ќе ја сносат лично членовите кои јавно се декларираа за организатори на блокадата. Студентскиот пленум од вчера изутрината започна блокада на Ректоратот на УКИМ, во знак на протест од сечата на дрвја во кампусот на универзитетот за изградба на два нови барокни факултета.