Чешка ќе прими 153 бегалци од Ирак

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка

Чешката влада соопшти денеска дека донела одлука да прими 37 христијански семејства од Ирак кои ја напуштиле својата земја поради милитантната група Исламска држава. Чешкиот премиер Бохуслав Соботка ги опиша семејствата како припадници на христијанското малцинство кои се нашле во многу тешка ситуација по агресијата на милитантната група во Ирак и побарале помош од неговата земја.

Тој истакна дека точно 153 бегалци ќе пристигнат во четири групи во земјата меѓу јануари и април наредната година. Тие во моментов, според него, се наоѓаат во ирачкиот курдски регион во Либан.