ЕУ ќе ги продолжи санкциите против Русија

ЕУ ќе ги продолжи економските санкции врз Русија за дополнителни шест месеци на наредната средба на амбасадорите на земјите членки на 21 декември, соопшти претставник на Унијата за Радио Слободна Европа. Санкциите ќе бидат продолжени до 31 јули наредната година.

Барањето за продолжувањето на санкциите беше блокирано минатата недела на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ кога Италија побара дебата на високо политичко ниво. Санкциите беа воведени во септември минатата година како одговор на руската анексија на Крим и улогата на Москва во конфликтот во источна Украина.