Русија со критика до САД за борбата против ИД

Американскиот државен секретар Џон Кери

Руското министерство за надворешни работи соопшти денеска дека САД не покажале оти се подготвени целосно да соработуваат во борбата против милитантната група Исламска држава. Според соопштението, Русија и натаму ќе продолжи да го повикува Вашингтон да ја преиспита политиката на поделба на терористите на добри и лоши.

Соопштението доаѓа пред посетата на американскиот државен секретар Џон Кери кој вечерва треба да пристигне во Москва. Советникот на рускиот претседател Владимир Путин за воена и техничка соработка, Владимир Кожин претходно изјави дека земјата не ја снабдува со оружје слободната сириска армија.