Турција отворена за дијалог со Русија

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави денеска дека неговата земја е отворена за дијалог за нормализирање на односите со Русија. Но, според него не треба да се почнува разговор за извинување или компензации за соборувањето на рускиот борбен авион.

Давутоглу нагласи дека инцидентот настанал поради тоа што воздушниот простор на земјата бил нарушени биле преземени сите мерки за заштита на нивните граници. Тој порача дека тоа не било акција против конкретна земја.