Дел од турските војници се повлекле од Ирак

Некои од турските војници кои беа распоредени во северен Ирак го напуштиле нивниот камп во близина на градот Мосул, кој е под контрола на милитантната група Исламска држава. Турски медиуми јавија дека војниците го напуштиле кампот во согласност со новиот договор.

Се уште не е јасно дали војниците ќе се вратат во Турција или ќе бидат распоредени во друг регион на Ирак. Турција има распоредено армиски сили близу Мосул од лани, но пристигнувањето на дополнителни сили во минатата недела предизвика тензии меѓу Багдад и Анкара.