Францускиот Национален фронт не освои ниту еден регион

Излезните анкети од вчерашниот втор круг на регионалните избори во Франција покажуваат дека крајно десничарската партија Национален фронт не успеала да победи во ниту еден регион. Тоа, според посматрачите, е голем удар за оваа партија која се надеваше дека по терористичките напади во Париз ќе извојува голема победа на регионалните избори врз основа на нивната програма против имиграцијата. Националниот фронт предводен од Марин Ле Пен водеше на првиот круг од регионалните избори. Според делумните резултати. Републиканците на поранешниот претседател Никола Саркози водат во шест, а Социјалистите на актуелниот претседател Франсоа Оланд во пет од 13 француски региони.