Седница на Анкетната комисија за прислушувањето

Собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето за денеска има закажано седница на која е поканета поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Досега поканетите премиерот Никола Груевски и министерот за финансии Зоран Ставрески најавија дека ќе се појават пред Анкетната комисија во нови термини. Другите повикани како Сашо Мијалков не најавија нови термини. Појавувањето пред Комисијата не е задолжително.