Заев: Избори само со исполнети услови

Зголемување на државата помош за мали и средни претпријатија, јавниот обвинител да го бира опозицијата, изградба на 600 километри автопат, укинување на радиодифузна такса, враќање на евтината тарифа за струја, и укинување на екстерното тестирање, се дел од ветувањата кои денеска ги даде опозицискиот лидер Зоран Заев на 19-тиот конгрес на СДСМ. Тој ги повика делегатите на, како што вели, конечна битка за враќање на слободата, демократијата, правдата и економската перспектива. Заев го обвини Груевски дека го одолговлекува преговарачкиот процес бидејќи му требаат уште едни криминални избори. Заев најавува дека пред 24 април мора да има слободни медиуми, нов состав на ДИК и пречистен избирачки список.

„ Избори ќе има оти ние ги баравме, причините ние ги докажавме и за предвремени избори ние се изборивме! Но, избори ќе има само и единствено кога ќе бидат исполнети сите предуслови за кристално чисти избори! На такви избори заедно со граѓаните ќе победиме!“изјави Заев.

Заев најави обнова на Македонија преку изборната програма, која ќе биде доработена на конгресот со сугестиите од граѓаните, невладинините и експертите. 653-ца делегати од вкупно 726, му дадоа целосна поддршка.