Руски воен брод испука предупредувачки истрели кон турски брод

Руското министерство за одбрана соопшти дека еден од нивните воени бродови морал да испука предупредувачки истрели за да избегне судир со турски брод во Егејското море. Во соопштението е наведено дека е повикано турското воено аташе во врска со инцидентот.


Новинската агенција Интерфакс јавува дека турскиот брод не успеал да одговори на претходните предупредувања, но по истрелите набрзо и остро го смени курсот со што одбегна да ја премине границата од доближување на 500 метри од рускиот воен брод. Турско-руските односи се влошија минатиот месец откако руски авион беше соборен од страна на турски Ф-16 во близина на турско-сириската граница, при што загина еден од пилотите.