Пожар во психијатриска болница во Русија

Најмалку 23 луѓе загинаа во пожар во психијатриска болница во рускиот регион Воронеж јужно одМосква во близина на украинската граница. Надлежните велат дека причината за пожарот најверојатно била дефект во електричната инсталација. Пожарот бил изгаснат по неколку часа. Најмалку дваесетина луѓе се хоспитализирани поради труење со јаглерод моноксид. Во болницата за време на избувнувањето на пожарот имало околу 140 пациенти од кои 30 биле инвалиди и 4 медицински работници.

Пред две години во пожар во психијатриска болница во северозападна Русија загинаа 37 луѓе .