Протест во Црна Гора против НАТО

Поранешниот претседател Момир Булатовиќ

Со повиците „Русија, Русија!“ околу 2 илјади луѓе синоќа во Црна Гора излегоа на протестипротив членството на земјата во НАТО. Ова се случува по само неколку дена откако оваа земја беше поканета да и се приклучи на Алијансата, јавуваат странските новински агенции.

Протестот беше организиран од проруските опозициски партии, кои бараат референдум за ова прашање. Поранешниот претседател Момир Булатовиќ изјави дека Црна Гора не треба да учествува во судирот меѓу НАТО и Русија и дека НАТО не е добредојден во нивната земја.