Светот на чекор до договор за справување со климатските промени

Меѓународните преговарачи на конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации во Париз, се блиски до договор, за заедничка глобална битка против глобалните климатски промени. Се очекува постигнатиот предлог договор да биде презентиран денеска од страна на францускиот претседател Франсо Оланд и генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун.

Преговарачите се усогласија за долгорочната цел глобалното затоплување да се држи на ниво под два степени, како и цел на владите да биде што побрзо постигнување на договор за емисијата на штетни гасови. Претставници од 195 земји работат на постигнување на договор на конференција во Париз за забавување на климатските промени и насочување на глобалната економија да биде помалку зависна од фосилни горива.