Конференцијата за климатски промени продолжена за еден ден

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави денеска дека разговорите во Париз за постигнување меѓународна спогодба за борбата против климатските промени ќе бидат продолжени за еден ден со цел да се премостат одредени спорни прашања. Тој најави дека утре ќе биде презентиран нов нацрт документ за кој изрази надеж дека ќе биде постигнат договор. Според него, атмосферата е добра и позитивна и разговорите одат во правилна насока.