САД се сомневаат дека Северна Кореа има хидрогенска бомба

Соединетите држави изразија сомневање во тврдењата на претседателот на Северна Кореа Ким Џонг Ун дека неговата земја може да употреби хидрогенска бомба. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст изјави дека Соединетите држави имале пристап до информации кои, како што рече, „сериозно ги доведуваат под прашалник ваквите наводи“. Ернст додаде дека Вашингтон останува загрижен поради дестабилизирачките активности на владата во Пјонгјанг и нејзините амбиции да развива нуклеарно оружје.