Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Претпладне во западните делови се уште ќе има услови за провејување на снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од два до девет степени. Во Скопје претпладне променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до пет степени.