Косово бара помош за демаркација на границата

Косовскиот премиер Иса Мустафа

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави денеска доколку странските експерти оценат дека постои каква било грешка во демаркацијата на границата со Црна Гора постои подготвеност тие грешки да се поправат. Тој нагласи дека владата на Косово побарала помош од САД и од ЕУ за граничната линија со Црна Гора. Според него, странските експерти ќе видат дали е направена грешка и дека Црна Гора и Косово се подготвени да ја поправат.