Милитантите на ИД „заробени“ во центарот на Рамади

Ирачките власти соопштија дека милитантите на Исламската држава уништиле мост на реката Еуфрат кој водел до Рамади откако провладините сили започнаа офанзива и се приближија до градот. Ирачките сили речиси го опколиле Рамади и ја преземаа контролата врз неколку населби на периферијата на градот во изминатите денови.

Шефот на воените операции во покраината Анбар, Исмаил ал Махлави изјави дека мостот биле единствениот пат кој го поврзувал центарот на Рамади со северозападниот дел на градот. Според него, поради уништувањето на мостот околу 300 милитанти сега се отсечени во центарот на градот.