Мемети-Човековите слободи се универзални

Народниот правобранител, Иџет Мемети.

Од канцеларијата на Народниот правобранител, Иџет Мемети по повод денешниот меѓународен ден на човекови права соопштија дека слободите се универзални и подеднакво мора да ги ужива секој без разлика на кое место од светот се наоѓа, на која раса, пол или вера припаѓа. Според соопштението, само взаемноста и почитувањето се одлики на хуманоста како врвна човечка одлика.

Народниот правобранител нагласува и дека слободата е важна и за сите оние кои поради разни причини ги напуштаат своите земји во потрага по помирен и подобар живот. Токму затоа, како што наведува, на никој не смее да му биде, ниту ограничена слободата на движење, ниту правото да бара азил во другите земји.