Столтенберг во посета на Албанија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денескаќе престојува во официјална посета на Албанија, соопштија од кабинетот на премиерот Еди Рама. Иако нема официјална информација за целта на посетата, сепак медиумите во Тирана наведуваат дека е поврзана со меѓународната кампања за безбедност и борбата против милитантите на Исламската држава. Столтенберг ќе биде примен од претседателот Бујар Нишани, министерката за одбрана Мими Кодели и шефот на дипломатијата,Дитмир Бушати.