Идентификуван и третиот напаѓач од Батаклан

Фуед Мохамед Агад

Францускиот премиер Мануел Валс изјави денеска дека полицијата го идентификувала и третиот напаѓач што учествуваше во терористичките напади врз концертната сала Батаклан во Париз. Нападот, според полицијата, го извршил 23 годишниот Фуед Мохамед Агад, кој е роден во францускиот град Стразбур. Неговиот татко Саид Мохамед Агад изјави дека не го видел неговиот син откако заедно со брат му Карим и група пријатели отпатувал за Сирија во 2013 година. Неговото семејство сфатило дека тој е вмешан во нападот откако добиле порака од Сирија оти тој на 13 ноември загинал како „маченик“.