Тајм ја прогласи Меркел за личност на годината

Ангела Меркел на насловната страница на Тајм

Списанието Тајм ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел за личност на годината. Во соопштението, списанието го поздравува лидерството на Меркел за време на должничката криза во Европа, мигрантската криза и руската воена интервенција во Украина. Списанието на својата веб страна објави слика на Меркел со цитат од еден од нејзините говори кога таа изјави дека е изненадена од тоа како понекогаш луѓето се слаби и колку брзо губат храброст.

Уредникот на Тајмс, Ненси Гибс напиша дека Меркел е избрана за личност на годината поради тоа што таа бара од нејзината држава повеќе отколку што политичарите би се осмелиле, поради тоа што застанала цврсто против тиранијата, како и за експедитивноста и обезбедувањето на цврсто морално лидерство во свет каде тоа недостасува.