Јашари очекува постапка за сите случаи

Министерот за правда Аднан Јашари

Министерот за правда Аднан Јашари изјави денеска дека специјалната јавна обвинителка треба да поведе постапка за сите случаи, како и за „Монструм“ и „Сопот“, доколку има индиции за поведување на кривична постапка. Прашан за случајот во кумановската „Дива населба“, Јашари посочи дека според информациите што повеќе ги слуша од новинари, односно од извори кои на некој начин не се утврдени, тој како министер за правда не е надлежен да презема одредени дејствија надвор од тоа што му го дозволува законот.

Но, според него, тој има можност и право да бара од надлежните институции и органи во државата да се утврди дали информациите се вистинити или не. Доколку евентуално има пропусти во постапката, како што наведе тој, Судскиот совет треба да изврши надзор над работата на судовите и над јавното обвинителство.