Убиени 9 лица во бомбашки напад во Багдад

Ирачките власти соопштија дека во напад на бомбаш самоубиец кој го детонирал експлозивот во близина на шиитска џамија во источен Багдад загинале најмалку осум луѓе, а 19 биле повредени. Се уште никој не презема одговорност за нападот. Властите соопштија дека најверојатно нападот го извршил милитант на Исламската држава.

Нападот доаѓа по еден ден откако ирачките власти најавија дека безбедносните сили ја преземале контролата врз неколку населби во Рамади во покраината Анбар од милитантите на Исламската држава.