Над 9000 жртви во конфликтот во источна Украина

ОН соопштија дека бројката на смртни случаи од конфликтот во источна Украина се искачила на над 9000 лица од април минатата година и покрај значително намалување на непријателството во одредени области. Во извештајот на набљудувачката мисија за човекови права на ОН е наведено дека и покрај повлекувањето на тешкото оружје од борбената линија, се уште има проток на оружје и борци во бунтовничките региони на источна Украина од Русија. Според извештајот, во борбите биле повредени 20 732 лица.