Убиени 37 цивили во напад на воена база во Авганистан

Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека 37 цивили загинале, а 30 биле повредени во напад на талибанците на воена база во јужниот дел на земјата. Портпаролот на министерството, Дават Вазири изјави дека девет талибанци загинале во борбите кои траеа речиси 24 часа. Според него, еден милитант се уште давал отпор од внатрешноста на воената база која се наоѓа на аеродромот во Кандахар.

Тој не даде коментар колку припадници на авганистанските и странските безбедносни сили загинале во нападот. НАТО соопшти дека се уште нема информации дали некој од странските војници стационирани во базата се меѓу жртвите.