САД со построги мерки за луѓето кои биле во Ирак, Иран

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа построги рестрикции спрема оние што сакаат да дојдат во Соединетите држави, а претходно престојувале во Ирак, Иран, Сирија и Судан. Овие мерки ќе важат за 38 земји, најмногу од Западна Европа, чии жители не треба да имаат виза за краток престој во Соединетите држави. На оние што биле во овие четири земји ќе им биде неопходна виза за ги посетат Соединетите држави. За овие мерки треба да гласа и Сенатот.