Времето денеска: магливо и студено со ниска облачност

Во Македонија биде магливо и студено со ниска облачност, а попладне ќе има делумно намалување и расчистување на маглата. Во повисоките места сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од седум до 14 степени. Во Скопје слично време, магливо и студено. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе искачи до девет степени.