Фронтекс од следната недела на грчко-македонската граница

Портпаролката на Европската комисија за миграциски прашања, Наташа Берто денеска изјави дека припадници на Фронтекс следната недела ќе бидат распоредени на границата меѓу Грција и Македонија со цел да помогнат при регистрација и земање отпечатоци на бегалци и мигранти. Таа за грчките медиуми посочила и дека Фронтекс ќе донесе одлука за точната бројка на луѓе кои ќе бидат распоредени. Според неа, одлуката Фронтекс има рок од пет дена да го финализира планот.