Премиерот на Летонија поднесе оставка

Летонскиот премиер Лаимдота Страујума

Летонскиот премиер Лаимдота Страујума денеска поднесе оставка од функцијата со што се отвора патот за формирање нова влада на земјата. Оставката на Страујума стапува веднаш на сила, но таа ќе биде на функцијата се додека парламентот не назначи нова влада. Шефот на нејзиниот кабинет, Арнитис Реинголдс изјави дека Страујума сметала оти е време за нова влада која ќе донесе нова енергија во земјата.