Турција ќе реагира ако Русија продолжи со санкциите

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу

Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу изјави денеска дека неговата земја не сака да презема нови мерки поврзани со санкциите на Русија. Но, според него, доколку Русија продолжи со актуелната политика Турција ќе биде принудеа да реагира.

Тој истакна и дека Турција била единствена земја-членка на НАТО која не се приклучила на санкциите кон Русија. Чавушоглу нагласи и дека Русија треба да ја признае својата грешка. Турската војска на 24 ноември собори руски борбен авион, бидејќи го наруши воздушниот простор на земјата.