Министерот Попоски во работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во работна посета на Брисел. Тој, како што соопшти Министерството за надворешни работи, ќе има работен појадок со постојаните претставници на земјите членки во ЕУ, во пресрет на подготовките за заклучоците за Европскиот совет на собирот што ќе се одржи на 17 и 18 декември во Брисел. Попоски ќе има средба и со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.