Националниот фронт води на регионалните избори во Франција

Излезните анкети покажуваат дека француската крајно десничарска партија Национален фронт води на првата рунда од регионалните избори што се одржаа вчера. Партија предводена од Марин Ле Пен е на прво место во најмалку шест од 13 региони. По Народниот фронт следуваат Републиканската партија на поранешниот претседател Никола Саркози и Социјалистичката на сегашниот шеф на државата Франсоа Оланд. Вториот круг на изборите ќе се одржи на 13 декември. Изборите беа одржани под зголемени мерки за безбедност по терористичките напади во Париз во минатиот месец кога загинаа 130 луѓе.