Бајден во посета на Украина

Американскиот потпретседател Џо Бајден пристигна во Киев во дводневна посета на Украина со цел реафирмација на поддршката на САД на таа земја. Тој, како што е соопштено, ќе го увери Киев дека кризата во Сирија не го свртела вниманието на Вашингтон од загриженоста за Украина. Бајден треба да се сретне со украинскиот претседател Петро Порошенко и со премиерот Арсениј Јацењук а планирано е тој да има обраќање и во украинскиот парламент.