Полицијата го испитува инцидентот во Лондон

Британската полиција за борба против тероризмот денеска го испитувала 29 годишниот маж кој е осомничен за обид за убиство откако повреде тројца луѓе во Лондон со нож при што како што се јавува викал “ова е за Сирија”
Полицијата соопшти дека неисповоцираниот напад во метрото што се случи доцна вчера го третираат како терористички инцидент. Полицијата соопшти дека една од жртвите е сериозно повредена додека останите две имаат помали повреди. Британија на трети месецов почна со воздушни напади врз цели на Исламската држава во Сирија.