Германија депортира Австралиец кој се борел против ИД

Германија денеска го депортираше Австралиецоткој се придружи на курдската бунтовничка група која се бори против терористите од Исламска држава во Ирак и во Сирија. Австралиското министерство за надворешни работи потврди дека Ешли Дубал бил депортиран по притворањето во Германија при неговото враќање од борбите како дел од курдската група позната како ЈПK. Тој се очекува да пристигне во Австралија доцна денеска. Дубал кој исто така го користел и името Мичел Скот на 4 декември на социјалната мрежа Фејсбук напишал дека е осомничен за теориризам при пристигнувањето во Германија и дека ќе биде однесен во притвор во близина на границата со Полска. Мажот од Брисбејн се бори против милитантите од ИД од почетокот на годинава. Неговите родители побараа амнестија.